Системите се активни/Скопје · од 1990

Инфраструктура што го поврзува претпријатието.

Digitron Systems ги дизајнира, имплементира и заштитува мрежните, компјутерските и сајбер системите на кои се потпираат организациите.

Ентерпрајз топологијаCore · Edge · Security · Data
1990Основани во Скопје
3+Децении искуство
E2EОд дизајн до поддршка

Изградени врз искуство. Насочени кон иднината.

Историјата на Дигитрон Системс ДООЕЛ Скопје започнува во 1990 година, кога компанијата се позиционираше како еден од водечките играчи на македонскиот ИТ пазар. Основачот Ташко Шекеров, дипл. ел. инж., ја основа компанијата со јасна визија за развој.

Од почетоците во продажба на компјутери и електронска опрема, преку континуирана модернизација, Дигитрон Системс прерасна во технолошка компанија која испорачува напредни ИКТ решенија.

Денес сме препознатлив систем интегратор и доверлив партнер, посветен на квалитетни услуги и решенија приспособени на потребите на секој клиент.

Визија

Да бидеме водечки иноватор и понудувач на напредни информатички и комуникациски технологии што им помагаат на бизнисите да напредуваат преку безбедни, поврзани и одржливи системи.

Мисија

  1. 01Постојано да иновираме и да се приспособуваме на технолошките промени.
  2. 02Успехот на клиентот да биде во центарот на секое решение.
  3. 03Сигурната технологија да биде подостапна и поодржлива.
  4. 04Да развиваме стручни луѓе и да ги почитуваме највисоките етички стандарди.
ISO 9001:2015Управување со квалитет
ISO 14001:2015Управување со животна средина
ISO 20000-1:2018Управување со ИТ услуги
ISO 27001:2022Безбедност на информации
Политика за квалитет+

Дигитрон Системс постојано ги следи технолошките достигнувања и нуди приспособени, напредни и сигурни ИКТ решенија. Го следиме задоволството на клиентите, управуваме со ризиците и континуирано ги подобруваме процесите согласно ISO 9001:2015.

Политика за животна средина+

Дигитрон Системс ги почитува важечките еколошки барања, ја развива свеста на вработените, ефикасно ја користи енергијата, одговорно управува со отпадот и го унапредува системот согласно ISO 14001:2015.

Политика за управување со ИТ услуги+

Дигитрон Системс обезбедува квалитетна и конзистентна испорака на ИТ услуги преку дефинирани процеси, одговорности и контроли, во согласност со договорените нивоа на услуга (SLA). Управуваме со инциденти, промени и снабдувачи на контролиран начин и постојано ги подобруваме процесите согласно ISO/IEC 20000-1:2018.

Политика за безбедност на информации+

Дигитрон Системс ги штити доверливоста, интегритетот и достапноста на сопствените и клиентските информации преку контролиран пристап, управување со ризици и навремено реагирање на безбедносни инциденти. Системот за управување со безбедност на информации континуирано се подобрува согласно ISO 27001:2022.

Политика за континуирано унапредување+

Дигитрон Системс континуирано ги унапредува ИТ услугите и процесите врз основа на анализа на перформансите, инцидентите и исполнувањето на SLA. Врвното раководство редовно ги прегледува резултатите и донесува одлуки за натамошни подобрувања, согласно ISO/IEC 20000-1:2018.

Овластена експертиза низ целиот ентерпрајз технолошки систем.